ВО ПОЛОШКО ЗА ЧЕТИРИ ЧАСА КАЗНЕТИ 96 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ

0
29

Вчеравечер (11/12 јуни) од 22 до 2 часот по полноќ, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола за брзина, во која биле откриени и законски санкционирани вкупно 96 прекршоци (ТЕ-66 и ГВ-30).

При контролата санкционирани било 41 пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-23 и ГВ-18), од кои 6 биле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-4 и ГВ-2).Во контролата, исто така, со соодветни поднесоци биле заокружени и 55 пречекорувања на брзината во населено место (ТЕ-43 и ГВ-12), од кои 1 (ГВ) за над 50 километри на час, а санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-2).

СВР Тетово со уште едно потсетување и апел до возачите непотребно да не брзаат по патиштата и да ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, дотолку повеќе што претстои зголемена фрекфренција на ова подрачје, која до крајот на овој и наредните два месеци уште повеќе ќе биде интензивирана.