НОВИ ШЕСТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ГРУЕВСКИ, БЕЛАТА ПАЛАТА ЌЕ СЕ КОНФИСКУВА

0
33

Екс премиеро Груевски е осуден на шест години казна затвор во аферата „Талир 2“, а второобвинетиот, поранешен владин генерален секретар Кирил Божиновски,доби условна казна од две години. Двајцата се обвинети за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ во случајот.

Судечкиот совет од скопска единица одлучи да го конфискува и партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, но и недвижниот имот низ државава кој од страна на сега осудените и партијата бил купен за партиски потреби.

-Никола Груевски и Кирил Божиновски виновни се бидејќи ја искористиле функцијата за да обезбедат ново партиско седиште за партијата ВМРО- ДПМНЕ. Фирмата Бетон која била ангажирана го изградила само објектот на партијата, а не и својот дел кој според договорот требало да биде хотел – истакна судијката Даниела Алексовска Стојановска.

Алексовска-Стојановска покрај пресудите, изрече и мерка за конфискација, откако претходно обвинителот Љубомир Лапе, застапник на ова обвинение поднесено од обвинителката Ленче Ристоска, ја имаше побарано пред судот. Па така, судот одлучи во прв степен да се конфискува седиштето на партијата. Покрај седиштето, 8-катната луксузна зграда во центарот на Скопје, судот конфискуваше и 30-тина партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, Кавадарци, два во Кисела Вода, Штип, Карбинци, Радовиш, Виница, Охрид, Пехчево, Демир Хисар, Лозово, Делчево, Кочани, Струга, Нов Дојран, Петровец, Гевгелија, Богданци, Градско, Каменица, Теарце и Новаци, купени со пари што му ги извлекле на Бетон на Минчо Јорданов.