СО ФРЛАЊЕ НА ДРВЈА И КАМЕЊА ПО АЛБАНЦИТЕ КАКО ДА СЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА ОВАА ДРЖАВАТА, СЕ ПРАВИ ОБИД ЗА ЕТНИЧКА ПОДЕЛБА ЗА СТРАТЕШКИ ПРАШАЊА, РЕАГИРА ОСМАНИ

0
41

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на преку својот фејсбук-профил реагира на вчерашните изјави на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во врска со преговорите со Бугарија. Османи посебно реагира на една од тезите кои Николовски вчера ги кажа во интервјуто за Сител, а според која Османи работи како што вели „Албанија да почне преговори а за Македонија што биде биде“.

„Јасна е намерата на овие тези кои се надевам не се позиции на ВМРО ДПМНЕ. Преку фрлање дрва и камења по Албанците како да се непријатели на оваа држава, се прави обид да се направи етнички јаз по стратешките прашања, да се направи раздор по етничка линија, со цел да се ослабне позицијата на државата и со тоа да се обезбеди политичка предност за опозицијата“,вели Османи во објавата.