ТЕТОВО БЕТОНСКА ЏУНГЛА, ИНВЕСТИТОРИ ОХРАБРЕНИ ДА ГРАДАТ ОТИ НЕМА ЗАКОН, А СЕ НОСАТ НОВИ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ

0
31

Наместо хуман урбан простор за живеење, Тетово последниве две децении стана бетонска џунгла, со променета клима и амбинет за живеење. Во градот под Шар Планина повеќе е и не се чуствува шарскиот воздух. Огромните зданија и дивоградбите ја спречија нормалната циркулација на воздухот, но нив, ниту некој ги запира, ниту ги урива.

Тетово со целосно променет урбан лик. Бетонизирано градското јадро, но и периферијата. Голем дел од објектите неплански градени, без дозволи.

Но и заштитените подрачја како центарот Попова Шапка со голем број дивоградби. Проценките се дека тука има стотина бесправно изградени објекти.

Нури Бајрами од Државната комисија за спречување на корупција, вели дека донесувањето на нови закони за легализација на дивоградби ги охрабрува инвесторите и понатаму да градат бесправно.

Подолу е линкот од видео прилогот на МРТВ