ЈАКИМОВСКИ МУ СЕ НАЛУТИ НА МИЦКОВСКИ И ЈА РАСКИНА СОРАБОТКАТА СО ВМРО ДПМНЕ ВО КАРПОШ

0
29

Во Општина Карпош се соочуваме со опструкции, омаловажувња и навреди од ВМРО-ДПМНЕ преку командите од нивниот „шпицен-градоначалник“ Христијан Мицкоски, но на мојата возраст, со моето искуство и карактер нема да дозволам последици да трпат Советот, граѓаните на Карпош од сите етнички заедници, како и стопанствениците, затоа по 99 месеци, ја прекинувам соработката со оваа партија, изјави градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски. Карпош и јас, како избран градоначалник, како што нагласи, мора да се спротивставиме на тој еден центар

Имам обврска да ги штитам интересите на сите граѓани без оглед на тоа што работат и која национална или верска припадност имаат, или дали се богати или сиромашни, рече Јакимовски.

Тој му прати порака на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за своите „игри“ да си најде некој помлад и понеискусен.

„Имам респект према членповите на ВМРО-ДПМНЕ и ќе испочитувам сѐ што е договорено и на ниеден член на таа партија нема влакно да им фали од главата, како што не им фали ниту на членовите на СДСМ или на други партии“, рече Јакимовски.

Тој рече дека знае дека сега ќе има конструкции дека се приклонува кон СДСМ, но како што рече, ќе се издржат сите притисоци и лаги и општината ќе мора да продолжи да функционира и додаде дека тој и ГРОМ остануваат опозиционери.

„На Мицкоски никој не му дал мандат да командува во Карпош, но ако сака да раководи, бујрум, нека се кандидира на избори“, рече Јакиовски.

Градоначалникот Јакимовски рече дека има индиции, односно поплаки дека за работи кои се во делокругот на работата на Општината, се рекетираат стопанственици.