Мицкоски: Имам дилема, партиите на Албанците не се опозиција, тие се базен за пратеници на власта

0
26

За референдумот кој го иницира ВМРО-ДПМНЕ, останатите опозициски партии се изјаснија дека не ја поддржуваат оваа иницијатива, а против неа беше и опозициската Алијанса за Албанците. Останува ли Мицкоски заедно со Апасиев изолирани во оваа идеја. Противници на ваквото референдумско изјаснување на народот се власта и оние инсталации на власта во опозицијата, вели Мицкоски.

Јас не сум слушнал став на партиите на Албанците во опозицијата но после тоа што тие го поддржаа, практично оној лист хартија во парламентот имам дилема дали воопшто се во опозиција или се пак резервна варијанта и базен за пратеници на власта. Тука веќе имам јас дилема каде тие припаѓаат, за да се идентификуваат себе си како опозиција тие треба во јавноста да излезат со ставови со кои што ќе ја критикуваат власта. Ако тие ги поддржуваат ставовите на власта тогаш јас не гледам како тие можат себе си да се идентификуваат како опозиција, изјави Христијан Мицкоски.