Тетовскиот фудбалер Стефан Стефановски од ФК ТЕТЕКС, на пат да стане дел од клубски тим на турската фудбалска лига

0
87

Младата тетовска фудбалска надеж Стефан Стефановски, кој е дел од тимот на Тетекс, неделава е на проба во турскиот прволигаш Ејупспор.

Кон крајот на јуни, по завршувањето на минатата сезона, 18-годишниот Стефановски не одмораше во периодот без клупски активности, туку се реши да земе учество во интернационален тренинг-камп за таленти во Истанбул на покана на неговиот скаут-менаџер. Со своите настапи во кампот го привлече вниманието на три клубови, од кои Ејупспор беше најконкретен и го покани да дојде повторно во Истанбул, овој пат на еднонеделна проба во нивниот тренинг-центар, каде што и моментално тренира со нивниот тим до 19 години.

Инаку, Стефановски е млад централен дефанзивец кој е роден и живее во Тетово, и потекнува од школата на Тетекс. Три години беше дел од скопската суперлигашка младинска академија Њу Старс, по што се врати во Тетекс, овој пат етаблирајќи се во сениорскиот тим. Стефан има настапи и за младинските категории на репрезентацијата на Македонија.

До крајот на преодниот рок ќе се знае дали наредната сезона ќе заигра во Турција, или ќе остане уште некоја година да собира фудбалско искуство на терените низ Македонија. Во секој случај не се сомневаме дека му претстои блескава кариера.