ДУИ – НЕ ИЗБОРИТЕ ВО ТЕТОВО НИЕ СМЕ ВИСТИНСКИ ПОБЕДНИЦИ, ОТИ БЕСА ДОБИ ЕДЕН МАНДАТ ПОВЕЌЕ СО ГЛАСОВИТЕ НА АЛИЈАНСА

0
43

Доделени сертификатите на новоизбраните советници на Општина Тетово. Опозиционите партии на централно ниво и во македонскиот и во албанскиот блок, со најголем број мандати. БЕСА со 12, ВМРО ДПМНЕ со 4 советници. Како и во претходниот, така и во новиот состав, се очекува овие две партии да го формираат мнозинството во советот.

Опозицијата добива се поголема подршка од народот, а тоа се докажа и на последните избори за нов Совет на Општина Тетово, согласни се од советничките групи на ВМРО ДПМНЕ и БЕСА.

Како партија која победи на изборите, етички и правно издржано е да коалицираме со партијата која освоила најголем број советници од македонскиот блок, а тоа е ВМРО ДПМНЕ, со која ќе го формираме мнозинството, велат од советничката група на БЕСА

Од ДУИ пак, истакнаа дека тие се морални победници, оти БЕСА добила еден мандат повеќе од нив, со гласови од Алијанса за Албанците.Додадоа дека ќе бидљт конструктива и силна опозција во советот со советниците од СДСМ и ДПА

Конститутивната седница на советот на Општина Тетово, се очекува да се закаже на почетокот на септември.