Oдлуката за прекин на договорите за ангажирање на 33 лица во градското претпријатие ЈП „Комунална хигиена“, предизвика бура од коментари и реакции во јавноста.
Коментари доаѓаат и од високи функциониери на ДУИ.
– Данела немој да мислиш дека си нашла „планина без волк“ и можеш да правиш што сакаш, напиша заменик директорот на УЈП Абдул Селам Селами на својот фејсбук профил.
Кратко по објавата Селами го избриша фејсбук-постот.
Реакцијата на Абдул Селам Селами доаѓа по одлуката на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Комунална хигиена, Косана Мазнева за прекинување на договорот на 33 т.н. „рамковни вработувања“ во ова градско претпријатие.