ГОЛЕМ ДЕЛ ОД СТАРИОТ ДЕЛ НА ТЕТОВО СО СООБРАЌАЈНА И ПОДЗЕМНА ИНФРАСТРУКТУРА ОД ВРЕМЕТО НА ПОРАНЕШНА СФРЈ

0
35

Запоставен стариот дел на Тетово. Со запушени канализациони мрежи и сообраќајна инфраструктура, оставена на забот на времето. Градските власти повторно со ветување дека ќе интервенираат во овој дел на Тетово.

Се работи за сообраќајница која ги поврзува половина од населбите од стариот дел на Тетово. Во најкатострофална состојба е главната делница Гоце Делчев. И покрај апелите на мештаните, општинските власти немаат преземено сериозни чекори за оваа инфраструктура, која се распаѓа, после секој пороен дожд.

Сообраќајницата ги поврзува и дел од Шарпланинските села. Возачите се жалат, велат секој месец автомобилите со нов дефект.

Во лоша состојба се и канализационите мрежи, кои често пати се запушени.

Од Општина Тетово истакнаа дека во план е уредување на калдрмата во стариот дел на Тетово, со цел да не се изгуби автентичноста на овие населби, а ќе се преземат и чекори за чистење на канализациони мрежи.