И ОСМАНИ ГИ ОСУДИ СВИРЕЖИТЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НА МИРОВНИОТ ФЕСТИВАЛ

0
21

За време на вечерашното гостување во емисијата „Жешко политичко лето“, министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека свирежите на македонскиот јазик за време на Мировниот фестивал се за осуда.

„Тоа сигурно е за осуда. Јас бев присутен на настанот и тоа го направи една група тинејџери. Според мене лично, реакцијата на поголемиот дел од присутните беше против реакцијата на тинејџерите“, објасни министерот.