Касами: Легитимитетот на Албанците кој потекнува од Тетово веќе не е кај ДУИ – бараме предвремени избори

0
37

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, на прес-конференцијата по објавувањето на победата во трката за советот на општина Тетово, побара предвремени парламентарни избори, јавува ТВ21. Касами рече дека легитимитетот на Албанците во Македонија е во Тетово и дека треба да се смени власта и на централно ниво.

„За краток период двапати ја добивме ДУИ, секако дека легитимитетот на Албанците во Северна Македонија, кој потекнува од тука, покажува дека веќе не е кај ДУИ. Ние од плоштадот во Тетово бараме предвремени избори за да дојде волјата на Албанците од Струга до Куманово во земјава и евентуално Албанците во Северна Македонија да имаат достоен претставник во централната власт. Бараме што поскоро предвремени избори“, рече Касами.