Обвинителката Русковска суспендирана од функцијата

0
26

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска е суспендирана од функцијата. Одлуката за суспензија е донесена откако против Русковска, но и Ивана Трајчева, како и Елизабета Јосифовска е покрената дисциплинска постапка, поради претресот во финансиската полиција. Се бара утврдување на одговорност за трите обвинителки.

Поведената дисциплинска постапка е основ за трите обвинители, Русковска, Трајчева и Јосифовска да бидат суспендирани. Според Законот за јавни обвинители, одлука за оддалечување од вршењето на обвинителската функција носи републичкиот обвинител.

Законот предвидува и неколку случаи кога се утврдува дисциплинска одговорност. Една од нив е ако намерно или неоправдано се направи крупна професионална грешка.

По поднесена претставка за извршен незаконски претрес во финансиската полиција, двајца обвинители од Републичкото јавно обвинителство надлежни за надзор над Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, направија увид во предметот, по што изготвија извештај во кој констатира дека има неправилности при постапувањето во предметот. Три дена по изготвувањето, тој беше доставен до финансиската полиција и јавноста.