ПРЕГАЗЕНА 23 ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД ТЕТОВСКО САРАЌИНО, ИТНО ПРЕНЕСЕНА НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ

0
32

Вчеравечер (15 август) околу 21 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино.

Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.