СДСМ – Се грижиме за земјоделците 30% повисоки откупни цени на грозјето оваа година

0
26

И во време на светска економска криза, СДСМ преку Владата и надлежното министерство што ги предводи, продолжува со вистинска поддршка за сите земјоделци, соопштија од СДСМ.

Во продолжение целото партиско соопштение на СДСМ

-Воведуваме нова мерка за предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, со висина од 2 денари по килограм.

Оваа мерка ќе ја користат земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино или пак е преработено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет.

Низ инклузивен пристап и дијалог со лозарите и винариите успеавме оваа година да постигнеме историски најголемо зголемување на откупната цена за грозјето од 30 отсто, што е особено важно во кризна година.

Оваа година грозјето од сортата Смедеревката ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, додека вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени.

Со дополнителните мерки на овие веќе договорени и гарантирани цени од 13 и 15 денари за килограм ќе се додадат уште плус два денари, со што откупната цена на грозјето ќе достигне 15 односно 17 денари.

Преку новата мерка за поддршка на произведено и извезено вино за период од 01.09.2021 до 01.09.2022 година, предвидена е и поддршка за винарииите, а корисници на оваа нова мерка се регистрираните производители на вино кои во 2021-2022 година имаат произведено и извезено вино.

Финансиската поддршка со оваа дополнителна мерка изнесува од два до четири денари по литар во зависност од видот и големината на амбалажата на виното.

Продолжуваме да реализираме мерки и политики кои овозможуваат директна помош за земјоделците и зголемено домашно земјоделско производство.

Центар за комуникации СДСМ