Шефот на „Лукоил“ е мртов. Паднал од болнички прозорец

0
37

Шефот на бордот на директори на „Лукоил“, Равил Маганов, починал откако паднал од болнички прозорец, јавува телевизискиот канал РЕН, не наведувајќи го изворот на информацијата.

67-годишниот топ-менаџер на нафтена компанија се лекувал во Централната клиничка болница во Москва, во одделот сместен на шестиот кат.

Извор на Интерфакс исто така изјави дека Маганов починал. „Утрово Маганов падна од прозорецот на Централната клиничка болница. Почина од повредите“, рекол изворот.