ДЕЛ ОД ТЕТОВСКИТЕ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ПРОТЕСТИРААТ, А ДЕЛ ПРИМААТ ПАЦИЕНТИ И ПРЕПИШУВААТ РЕЦЕПТИ

0
19

Матичните лекари од Тетово и тетовско поделени околу протестот, преку кој се бара зголемување на капитацискиот бод, ценовниците за приватни услуги, електронско здравство. Дел од нив кои примаат пациенти, велат дека протест засега не треба да има. Треба да се остави простор уште неколку недели, оти надлежните увериле дека барањата ќе им се иполнат.

Матичниот лекар Беким Исмаили работи. Вели не се согласува со начинот на протестирање. Како да вратам од амбулатна болни деца и пензионери, кои бараат лекарска помош и до стотина на ден.

Сите барања на тие кои го започнаа протестот се и мои барања, но требаше да се остави простор уште одреден период, оти надлежнтие уверија дека ќе ги исполнат, вели доктор Исмаили

Исполнувањето на барањата, е и од голем интерес за нашите пациенти

Доктор Исмаили е во управниот на Здружението на лекари на семејна медицина, а секретар на здружение на лекари Албанци.

Од Здружението на приватни лекари кое го организира протестот, вели дека добиле известување дека нема да примаат пациенти, само еден ден претходно.

Се работи за недоволна координација, затоа и протестот нема 100 процентна подршка

Се надева дека сите три здруженија ќе седнат на заедничка маса и ќе најдат начин за заедничко дејствување, со цел што поскоро исполнување на нивните барања