Женската клапа „Фигурин“ од Загреб и КУД „Стјепан Радиќ“ од Дубровник во петок во Тетово со концерт насловен „Под златното сонце“.

0
25

Женската клапа „Фигурин“ од Загреб и КУД „Стјепан Радиќ“ од Дубровник во петок во Тетово со концерт насловен „Под златното сонце“.

Концертот по повод 20 години од основањето на Македонско – хрватското друштво во Тетово, ќе се одржи на 9-ти септември, во ЦК „Иљо Антески – Смок“, со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.

Покрај гостите од Хрватска, на настанот ќе настапи и триото „Nameless“ од Тетово.

Женската клапа која е основана во 2016 година во Загреб брои 8 членки кои доаѓаат од Далмација, додека пак КУД „Стјепан Радиќ“ (основан во 1996 година) брои над 50 членови, со активна танцувачка група и мандолински состав.

На настанот, меѓудругото, ќе се обрати и поранешната пратеничка во Европскиот парламент, Маријана Петир, која во 2016-та година во Брисел ја формираше групата на европратеници за поддршка на Македонија