Ковачевски утре во Бугарија ќе разговара за енергетската криза

0
26

По враќањето од Белград, премиерот Ковачевски утре заминува во еднодневна посета на соседна Бугарија.

Од Владата најава дека со него ќе отпатуваат и претставници од секторите економија и енергетика и дека централна тема ќе биде енергетската криза.

Од Софија доаѓа најава дека ќе бидат отворени и други прашања. Министерот за надворешни работи во техничката Влада, Николај Милков, во интервју за Бугарското национално радио, вели дека е нормално при посета на еден премиер, да се отворат сите прашања што се од интерес на двете држави.