НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ШАР ПЛАНИНА САМО СО ЕДЕН ВРАБОТЕН, ДИРЕКТОРОТ НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

0
51

Националниот парк Шар Планина функционира само на хартија, иако ова подрачје за заштитено е прогласено пред една година. На терен нема никакви контролни активности, нема ренџери, а нема ни седиште. Од пријателите на Шара, бараат што поскоро паркот да започне да функцинира, за да се спречат нелегалните активности на планината.

Шар Планина за Национален парк се прогласи пред повеќе од една година, но во установата има само еден вработен, директорот на претпријатието. Ренџери и патроли со возила нема. Без контрола на терен, Шара најголемото заштитено подрачје се уште е оставено на немилост на дрвокрадците и дивоградбите, кои ја уништуваат планината, велат од Пријателите на Шара. Се надеваат дека паркот ќе профункциоира што поскоро во пракса.

Ибрахим Дехари директор на Националниот парк, признава дека процесот е бавен, но најави дека наскоро етапно ќе се започне со работа на терен

Подобро да се доцни, отколку да се започне со работа без претходна добра подготовка, смета министерот Нуредини. Ги повика и другите институции да работаат за поголема заштита на Шара.

На денешната презентација на планот за управување со Националниот парк, беше соопштено дека месецов ќе се отвори седиште на паркот лоцирано во Тетово. Од Пријателите на Шара пак истакнаа дека потребни се осумдесетина вработени во паркот, кои ќе вршат постојана контрола во сите делови на планината, ако сакаме да се заштити.