ЌЕ СЕ НАПЛАЌА ПАРКИРАЊЕТО НА УЛИЦА 120а КАЈ ЗЕЛЕНИОТ ПАЗАР

0
47

Наскоро почнува да функционира уште еден паркинг простор “Б14” на улицата “120а” кај зелениот пазар, информираа од ЈП градски паркинг Тетово

Паркингот како што посочија ќе ќе биде пуштен во употреба на 1-ви октомври.

-Станарите кои живеат на оваа улица можат да аплицираат за годишна паркинг карта за која е потребно да ги достават следните документи: Лична карта,Сообраќајна дозвола,Имотен лист не постар од шест месеци,како и копии од документите,додадоа од ЈП градски паркинг Тетово