Путин држи говор: На светот му се заканува невидена хуманитарна катастрофа поради Западот

0
26

Западните земји лажеа кога тврдеа дека на Украина ѝ треба пристап до поморскиот брод за да ги ублажи зголемените цени на храната и ризикот од глад во сиромашните земји, рече рускиот претседател Владимир Путин во говор на Источниот економски форум што се одржува во Владивосток.

Путин зборува за санкциите на Западот против Русија, извозот на украинското жито и, како што тврди, самодоволноста на Русија.

„Невозможно е да се изолира Русија, само погледнете ја мапата на светот. Русија е веројатно единствената земја во светот што може целосно самата да се снабди со природни ресурси“, рече Путин, мислејќи на глобалната криза со храна.

„Поради политиката на западните земји, кризата со храна се зголемува. Тоа може да доведе до невидена хуманитарна катастрофа“, рече рускиот претседател, додавајќи дека за глобалното зголемување на цените на храната е одговорен Западот, кој купува залихи на храна и на тој начин го „провоцира“ растот на цените.

„Тоа може да се претвори во трагедија за најсиромашните земји“, рече Путин, додавајќи дека „санкциите против Русија се закана за целиот свет“.

„Русија успешно се справува со финансиската, технолошката и економската агресија на Западот“, рече Путин и наведе дека размислува да го ограничи извозот на жито од Украина, додавајќи дека за тоа ќе разговара со турскиот претседател Ердоган.

Путин тврди дека Украина извезува жито во ЕУ, а не во земјите во развој. Тој додаде дека најверојатно треба да се сменат условите на договорот.

„Русија не го почна конфликтот во Украина“

„Русија не го почна конфликтот во Украина, туку се обидува да го прекине. Конфликтите во Украина траат од 2014 година“, рече Путин.

„Поради специјалната операција во Украина, Русија ништо не изгуби и нема да изгуби, туку го зајакна својот суверенитет“, рече рускиот претседател.

„Постои одредена поларизација во Русија и во светот поради специјалната операција во Украина, но тоа е само корисно бидејќи сѐ што е непотребно ќе биде отфрлено“, рече Путин.