11 лица загинаа, а 29 се повредени откако преполн училишен минибус паднал од карпа во северна Индија.

0
25

Во минибусот во моментот на несреќата имало речиси 40 лица.

Инцидентот се случил утрово на територијата на Кашмир, која е под контрола на Индија. Автобусот, кој превезувал голем број ученици, излетал од патот и паднал 76 метри длабоката клисура во близина на селото Савјиан во областа Пунч. Девет лица починале на лице место, а две починале подоцна во болница.

Официјални лица изјавиле дека 29 повредени лица се во критична состојба, вклучително и шест кои со хеликоптер биле пренесени во болница во Џаму, објави Дејли Меил.

Заменик-гувернерот Маној Синха напишал на Твитер дека семејствата на жртвите ќе добијат отштета од 500.000 рупии (6.300 евра). Индискиот премиер Нарендра Моди и претседателот Друпади Мурму исто така изразиле сочувство до семејствата.

Секоја година стотици илјади луѓе умираат на индиските патишта; најмногу поради невнимателно возење, лошо одржувани патишта и застарени возила.