22-годишно момче од тетовско загина од струен удар додека работело на фасада

0
35

Млад работник од Боговиње на 22- годишна возраст го загуби животот од повреди здобиени од струен удар додека работел на фасада на училиште во соседното село Камењане.

Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртниот случај на Е.И. кој се здобил со тешки повреди од струен удар додека работел на фасадирање на училишна зграда.

„По извршениот преглед, лекарите од Тетовската клиника констатирале негова смрт. По наредба на Јавниот обвинител ќе се врши обдукција на бeзживотното тело на Е.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.