280 СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ПОЛОШКО ЗА 8 МЕСЕЦИ

0
41

Се поголем број на кривични пријави и поплаки за семејно насилство во полошко, но оваа појава никако да се намали. Социјалните работници велат дека најчесто жртвите се откажуваат од гонење на насилникот во судскиот процес, што резултира со ретки судски завршници и казни за сторителите.

Полицијата секојдневно добива пријави за семејно насилство во полошко. За 8 месеци, 280 жртви побарале помош, откако претходно биле физички и психички малтретирани. Некои со тешки телесни повреди, а една жртва подлегнала на повредите.

Иако има доста пријави и поплаки, насилството е се уште присутно, оти жртвите се откажуваат од гонење на насилникот. Најчесто поради страв и несигурност како понатака, тие се враќаат кај него дома, велат социјалните работници.

За поголема заштита на жртвите и нивна независност од насилниците, неопходно е отворање на шелтер центар во полошко.

Чекаловиќ додава дека потребна е соработка на институциите, давање правна помош, како и финансиска подршка на сите здруженија, кои работаат со оваа проблематика.