ЗАЛОВЕНИТЕ КУЧИЊА ВО ТЕТОВО ВЕЌЕ НЕ СЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ СВЕТ, ВЕЛАТ ОД “ХЕПИ ШЕЛТЕР”

0
24

Здружение за заштита на животните, обвинува дека во Тетово кучињата скитници се третираат нехумано, а изразуваат и сомнеж дека тие се еутанизираат. Се заловуваат со пушка надвор од законските прописи. Од Амос Шелтер, кој го доби тендерот за загружување на бездомните животни, ги отфрлија сите обвинувања.

Кучињата скитници во Тетово не се згрижуваат туку врз нив се врши тортура, обвинија од Здружението за заштита на животните Хепи Шелтер. Како што тврдат, Општина Тетово тендерот за вдомување на бездомните кучуња, го дала на здружение кое не ги исполнува условите, нема ниту прифатилиште, а начинот на заловување е доста сомнителен.

Од здружението Амос Шелтер кое го доби тендерот ги отфрлија сите обвинувања. Заловувањето се врши од овластено лице, а кучињата се згрижуваат од волонтери и не се враќаат на улица. Ние сме сериозна организација ,досега имаме најдено дом за 600 кучиња скитници, додадоа оттаму.

-Пушката се користи при заловување на кучиња од големи чопори и таа се користи од овластено лице, ветеринар, кој и поседува дозвола за истата. Кучињата што ги фаќаме не се враќаат на улица туку се става микрочип на наше име и остануваат со нас се додека не најдеме соодветен дом. Досега 3 кучиња се вдомени од тие заловени во овој проект, сите три патуваа во Обединетите Кралства, соопштија од Амос Шелтер.

Од Општина Тетово, истакнаа дека тендерот е даден согласно сите законски процедури и со него е предвидено да се заловат и вдомат 82 кучиња. Ќе следат и други тендери за згрижување на животните, се до решавање на овој децениски проблем, велат од локалната самоуправа.