Ситуацијата со објектите каде се приредуваат игри на среќа е алармантна, реагираат од здружението Анти Коцкање. Секој месец нова спортска обложувалница или казина во градовите ширим државата. Сите кои се вмешани во овој бизнис кои ја уништува младината, велат од здружението јавно ќе ги објавиме
Од Здружението Анти Коцкање, бараат затворање на сите објекти каде се приредуваат игри на среќа, се до донесување на нов закон. Но, наместо тоа градовите се преплавени со казина и спортски обложувалници, а не се почитува ниту постојниот закон.
Абдиу вели дека од сите политички партии добиле ветување дека ќе гласаат за нов закон, кој ќе предвиди објектите каде се приредуваат игри на среќа да бидат оддаделечени од градовите. Но, расправата за законот велат, секогаш заглавувал во лавиринтите на Собранието. Сите кои се вмешани во овој бизнис кои ја уништува младината, јавно ќе ги објавиме.
Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, со реакција. Во време на економска криза велат од здружението Анти Коцкање со своето деструктивно однесување сакаат без работа да остават 10 000 луѓе, кои ги прехрануваат своите семејства од овој сектор.
Дали сценариото прашуваат оттаму на ова здружение е организирање на игри на среќа на црно, без никаков приход и бенефит за државата.