БНТ: Наследниците на Вапцаров велат дека се Бугари, не сакаат клубот во Благоевград да го носи неговото име

0
26

Наследниците на Никола Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград да го носи неговото име, објави БНТ, пренесе Слободен Печат

– Тврдењата на браќата од Северна Македонија се неосновани, бидејќи сите документи кои што ги имаме, нашата самосвест и чувство што го имаме како негови роднини – јас како внук, сестра ми како внука и татко ми како брат, секогаш сме тврделе дека сме Бугари бидејќи сме родени од мајка Бугарка и татко Бугарин. А, во прашалникот на Вапцаров јасно пишува дека има бугарско потекло и со бугарска националност, вели Никола Вапцаров, внук на поетот.