Пејчиновиќ е нова мета на бугарски провокатори!?

0
26

Нова мета на бугарските провокатори – Кирил Пејчиновиќ. Додека во Македонија се прогласува за светец, на Википедија статија дека тој Бугарин. Во неговата биографија, на интернет енциклопедијата, доколку изберете бугарски јазик, ќе прочитате дека Пејчиновиќ е бугарски книжевник и просветител, дека го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на новобугарски јазик во склоп на неговата татковина Бугарија.

Во бугарскиот провокаторски текст на Википедија, пишува и дека тој е основоположник на модерна Бугарија и се занимавал со промовирање на раната бугарска ренесанса. Ваквите поединечни ситни провокации, станаа секојдневие.

Јавноста сведочи на низа обиди на поединци, луѓе со бугарски национални чувства, фондации и здруженија, за присвојување на македонската историја и макеодонските истакнати личности.

Во официјалните докумнети во црковните архиви, Пејчиновиќ со прекар Тетоец, е роден во Теарце, тој е еден од основоположниците на новата медкедонска книжевност, пишувал медонски тетовски дијалект. Заминал на Света Гора, а по враќањето дома, Пејчиновиќ го возобновил Лешочкиот манастир, бил негов игумен, а како монах таму служел до крајот на животот.