Џафери ја врати иницијативата на Левица за референдум на доработка

0
30

Барањето за референдум на партијата Левица доставено до Собранието, не е подготвено во согласност со одредбите на Деловникот, соопшти денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Партијата Левица до претседателот на Собранието, Талат Џафери на 7 октомври достави иницијативата за референдум против францускиот предлог, откако ги собраа потребните потписи.

Прашањето за кое што се предлага распишување референдум гласи: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година.“

Во одговорот од Џафери се наведува дека поставеното прашање упатува на несоодветно поставено прашање од причина што, заклучоците не е општ правен акт, закон или Устав, истите по нивната природа и содржина се став кој на насочува Владата на Северна Македонија во нејзиното постапување.

Претседателот на Собранието сега ќе побара од Левица да го усогласи барањето со уредбите на Деловникот, а ако партијата не го направи тоа во рок од 15 дена, ќе се смета дека предлогот на законот не е поднесен.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев при поднесувањето на инцијативата изјави дека очекува таа да не биде отфрлена од страна на Џафери, а доколку тоа се случи најави блокада на законодавниот дом

Левица најави нова иницијатива за референдум, откако претседателот на Собранието Талат Џафери ја отфрли претходната поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Договорот со Бугарија. Џафери ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ како неуставна, а СДСМ ја поддржа неговата одлука.

Пратениците во Собранието на 16 јули ги усвоија заклучоците за таканаречниот француски предлог за укинување на бугарското вето и почеток на пристапните преговори со ЕУ.