300 средношколци се собрале на „договорена тепачка“ во Аеродром

0
28

Синоќа во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром се собрале околу 300 средношколци на „договорена тепачка

 

Поголем инцидент, за среќа спречила полицијата. Очевидците рекле дека средношколците биле собрани во и околу трговскиот центар, но полицијата брзо и ефикасно ги разбила групите.

По „собирот“ на децата, полициското присуство во ТЦ „Бисер“ било зголемено.

И минатиот месец на социјалните мрежи кружеше видео од сличен ваков настан во Дебар Маало кој предизвика бура реакции во јавноста.