Касами: И покрај владината незаконска одлука, друштвото за јавно осветлување го формиравме и ќе го регистрираме

0
25

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами, вели дека одлуката на владата за забрана за формирање на градски претпријатија за јавно осветлување е против законска, оти токму Регулаторната комисија за енергетија испратила писмо до ЗЕЛС, дека општините имаат право да формираат претпријатија за јавно осветлување.

+Ние на седница формиравме вакво претпријатие, како „трговско друштво“ планираме да го регистрираме во Централен регистар, ако добиеме негативен одговор оттаму, ние не се откажуваме, правдата ќе ја истераме до крај, вели првиот човек на Општина Тетово.

„Тоа е противзаконска одлука, оти според Законот за локална самоуправа, општините имаат право да формираат приватни претпријатија. Пред два месеци, исто Регулаторната комисија која е надлежна во делот на енергетиката, има донесено регулатива и го информираше ЗЕЛС, дека општините можат да формираат такви претпријатија за производство, трговија и менаџирање со јавно осветлување. Значи владата не може да носи одлуки кои се незаконски. Ние денеска пуштивме барање до Централен регистар, за да се регистрира нашето претпријатие, ако не одбијат, ќе ги следиме сите законски процедури и ќе одиме до крај, нема да дозволиме со неразумни одлуки на владата, да се оштетат граѓаните“, вели Касами.