НЕМА ДОВОЛНО ИНСУЛИН ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ ОД ТЕТОВО

0
16

Расте бројот на дијабетичари во Тетово, а со тоа се појавува и недостиг на инсулинска терапија, информираат од Здружението на дијабетичари од Тетово. Плаќаме здравствено осигурување, велат и бараме проблемот итно да се реши.

Наместо девет пенкала со инсулин колку што му препишал докторот како месечна терапија, Вели Пајазити од инсулинската аптека во Тетово добил само едно.Во последно време го нема во доволно количини нашиот лек, вели тој. За да се намали здравственот ризик меѓусебно се позајмуваме со инсулин, но „заемот“не можеме да го вратиме.

Од Здружението на дијабетичари Тетово, потврдуваат дека недостасува инсулин. Сетоа тоа се должи на се поголемата бројка на нови пациенти со инсулинска терапија, која Министерството за здравство не ја придвидела кога го набавувала лекот.

Од Министерството за здравство пак велат дека од Клиничката болница во Тетово добиле одговор, дека пациентите со дијабетес се покриени со терапија и нема случај каде пациент не добил инсулин.

Инаку во Тетово има над 4000 пациенти со инсулинска терапија. Загрижува податокот што има се повеќе деца дијабетичари, над 120