Тетовец на отпадниот материјал му дава „нов живот“

0
27

Од ништо сакам да направам нешто, раскажува 57 годишниот тетовец Вангел Неделковски , кој од отпаден материјал претежно железо и пластика, прави украсни фигури, фонтани и слично

Има здравствени проблеми и моментално работи со скратено работно време во Центарот за јавно здравје Тетово. Вели дека работата со металот го опушта. Претходно немал никакви познавања од оваа дејност, но преку интернет, етапно се запознава секој ден со нови техники.

„Кога почнав да работам со скратено работно време, ми остана повеќе време и тогаш почнав да се занимавам со ова. Има веќе три години. Металот отсекогаш ме привлекувал, од ништо нешто да направиш. Користам метал, камен, пластика, картон, бои и слично. Во принцип се што е отпаден материјал.Правам украси претежно за на ѕид. Видов на интернет како се прават украсните материјали. Си поставив задача, велам ајде да пробам, гледам дека можам и потоа инспирацијата ми се зголеми. Претходно воопшто немав никакво искуство во занаетот,оти имам сосема друга професија, изјави Неделковски.

Дел од алатот го имал и претходно од неговиот татко, но дел опремата и машините ги купил лично тој.

„Освен украсни предмети од метал, изработувам и фонтани, користам пластика и камен, но додавам и стиродур и изолација за да издржи повеќе. Тие што ми побарале некој украс сум им дал, инаку претежно за себе изработувам. Ако некој нарача, можам да му изработам и да му продадам, но тоа не ми е приоритет, вели Неделковски.

На хобито во текот на денот му посветувам до три часа, и тоа е моментот кој највеќе ме опушта кој влијае многу позитивно на моето нарушено здравје, додава Неделковски.

Украсните предмети ги изработува во својата гаража, а голем дел од нив ги има изложено и поставено во неговито дом.

Извор СП