ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАРТИЗАНСКА

0
20

Утрово околу 04,00 часот на крстосницата од бул. „Партизански одреди“ и бул. „Св.Климент Охридски“ во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.

Во несреќата учествувале патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од с. Црн Врв, скопско и патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(39) од Скопје.

По несреќата, двајцата возачи и сопатникот од едно од возилата беа однесени во болница, каде на сите им се констатирани телесни повреди, а на сопатникот потешки.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.