16 ГОДИШНО МОМЧЕ НАЈМЛАДАТА ЖРТВА ВО МАСАКРОТ ВО ВЕЛМОРТ

0
26

Најмладата жртва на масовното пукање оваа недела во Волмарт во Чесапик, Вирџинија, е 16-годишник кој штотуку почнал да заработува џепарлак таму и наводно ја искористил својата прва плата за да и купи подарок на мајка си два дена пред да почине.

Фернандо Чавез-Барон, заедно со уште пет други работници, беше убиен во вторникот вечерта кога 31-годишниот менаџер Андре Бинг отвори оган во просторијата за одмор на вработените за време на состанок. Откако ги убил вработените, се самоубил.

Наводно, Бинг бил исмејуван од колегите за промена на работниот статус, се вели во полицискиот извештај кој беше објавен пред неколку дена. Кога полицијата пристигнала на местото на злосторството, Бинг веќе бил мртов. Полицијата верува дека тој се самоубил со истото оружје со кое пукал во своите колеги. Тој беше вработен како менаџер во ноќна смена, а работеше во Волмарт од 2010 година.