ВО ТЕТОВО НА УЛИЦА ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ ПОЛИЦАЕЦ

0
25

Полицаец додека заедно со неговите колеги ја вршел својата работна задача на улицата „Цветан Димов“ во Тетово бил физички нападнат од 26-годишниот тетовец А.Е.

„Полициски службеници на СВР Тетово на улицата „Цветан Димов“ во Тетово го лишиле 26-годишниот тетовец А.Е. затоа што физички нападнал еден од нив додека вршел службени дејствија. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, соопштија од СВР Тетово.

Полицискиот билтен бележи и уште два физички напади.

Дваесет и седумгодишната М.А. од гостиварско, вчеравечер во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 22 часот и 40 минути во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, во кој работела, физички била нападната од женско лице.

Вчера попладне пак 44 годишен жител од тетовска Брвеница во полицијата пријавил дека триесетина минути по полноќ во казино на улица „Илинденска“ во Тетово физички бил нападнат од 40 годишниот М.Х. и од уште неколку други лица кои биле со него.