МНР ЌЕ ГО ОРГАНИЗИРА ТРАНСПОРТОТ НА ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МАЈА МИА ЈАНЕСКА

0
35

Министерството за надворешни работи соопшти дека, по добиените информации за почината државјанка на Република Северна Македонија (М.Ј.) во Јужноафриканската Република, тие стапиле со надлежните органи на земјата преку надлежната Амбасадата во Каиро, од каде добиле потврда за трагичниот настан.

Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава“, известуваат од Министерството.

Инаку популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа, по потекло од Охрид, била пронајдена мртва во Африка.

Од јужно-африканската полиција, даваат само кратки детали за случајот. Тие велат дека засега смртта нема да ја третираат како сомнителна.

„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Жената била заверена почина од болничарите“, изјавил портпаролот на полицијата, потполковник Мавела Масондо.

Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.

Маја Миа неодамна беше во центарот на вниманието на македонската јавност, откако заеднички фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.