Име Вести Театарот во Милано поради тетоважа на Путин откажа балетска претстава

Театарот во Милано поради тетоважа на Путин откажа балетска претстава

0
24

Театарот во Милано го откажа настапот на балетанот Сергеј Полунин затоа што на градите има тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин.

 

Театарот „Арчимболди“ во Милано го откажа настапот на балетанот Сергеј Полунин (Сергеј), а причина се трите тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин на неговото тело.

Полунин требаше да настапи на 28 и 29 јануари, а на веб-страницата на театарот објавија дека решиле да ја откажат неговата изведба на балетот по бројните реакции на социјалните мрежи. Додаваат дека ова го решиле поради политичка и морална одговорност.

Полунин е поранешен директор на Кралската опера во Лондон. Роден е во Украина, а руско државјанство доби во 2018 година. Пред неколку месеци во Узбекистан тој во воена униформа изведе танц за паднатите руски војници. Узбекистанските власти тогаш изјавија дека тој отстапил од договорената програма.