ФРАНЦИЈА ОДИ ВО ФИНАЛЕ, ГО ПОБЕДИ МАРОКО СО 2:0

0
125

Со победата од 2 – 0 против Мароко во вториот полуфинален меч на Светското фудбалско првенство во Катар, Франција се пласираше во финалето на мундијалот.

Франција поведе со 1 – 0 уште во петтата минута од натпреварот со голот на Тео Хернандез, a конечните 2 – 0 ги постави Коло Муани со гол во 79-тата минута.

Во финалето в недела, Франција ќе се обиде да ја одбрани светската круна против Аргентина, која во првиот полуфинален меч вчера ја победи Хрватска со 3 – 0.