ВИДЕО: Пукање и детонација кај Зубин Поток, специјалците се обиделе да отстранат барикада

0
48

Во околината на Зубин Поток синоќа околу 19 часот и 45 минути се слушнал рафал од огнено оружје, а како што пренесува Косово онлајн, до пукањето дошло кога специјалните сили на косовската полиција се обиделе да ги отстранат барикадите на алтернативен пат.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат рафали. Објавено е и на Инстаграм профилот zubinpotokinfo, со придружниот текст дека пукотници и најмалку една детонација одекнале на поширокото подрачје на Зубин Поток.

На останатите барикади во Зубин Поток во моментов е мирно, се вели во текстот на соопштението.

Србите од северот на Косово се на барикади веќе 16 дена.