63-годишен тетовец се заканувал со поставени бомби во Делчево

0
28

Шеесет и тригодишниот Ѓ.С. од Тетово е осомничен дека на 17 овој месец по телефон се заканил дека има поставено бомби на повеќе локации во Делчево.

Против тетовецот полицијата до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „тероризам“.

По преземени мерки и активности С.Ѓ. бил уапсен, по што му бил одземен телефонот и две СИМ картици.