ВИДЕО: ЗА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ШАР ПЛАНИНА СЕ ГРИЖАТ САМО 8 ВРАБОТЕНИ

0
18

Целиот Шарпланински масив го чуваат и контролираат 8 луѓе колку што има и вработени во Национален парк Шар Планина. Финансиски установата се одржува со помош на донатори и владата, а очекува нови вработува во текот на оваа година.

Ова се неколкуте вработени кои се грижат за целиот Шарпланински масив. На почетокот на месецов со минимални средства и опрема го гасеа пожарот кој избувна над село Теарце.

Директорот на Националниот парк Шар Планина Ибрахим Дехари, вели дека е невозможно да се чува, контролира и развива Шара со 8 луѓе. Добил ветување од владата дека годинава ќе има нови вработувања.

Националниот парк финансиски се помага од донатори, но и од владата. За две години ќе мораме да се самофинасираме вели, Дехари. Имаме план. Секој кој  ќе „заработува“ од Шара и ќе влезе во паркот со возило ќе плати.

Од планинарските друштва, велат дека во целиот процес на заштита и развој не треба да изостане месното население, кое живее на Шара.

На почетокот на месецов пожарот кој избувна во Националниот парк над село Теарце проголта над 60 хектари шумска површина. Установата поради немање доволно вработени и опрема четири дена не можеше да ги стави пламените јазици под контрола. За среќа снегот кој падна на Шара ја спаси планината од поголема катастрофа.