Во судир на два хеликоптери во Австралија загинале четири лица, а тројца се во критична состојба, соопштија локалните власти.

0
23

Во судир на два хеликоптери во Австралија загинале четири лица, а тројца се во критична состојба, соопштија локалните власти.

Судирот се случил околу 14 часот по локално време во близина на популарната туристичка област Мејн Бич на Голд Коуст, јужно од Бризбејн.

„По судирот, хеликоптерите се урнаа на песочна плажа недалеку од одморалиштето Sea World“, изјави за новинарите портпаролот на полицијата во Квинсленд, Гери Ворел.

Тој додаде дека на итните служби им било тешко да пристапат до песочниот брег.

Тринаесет лица се наоѓале во двата хеликоптера, изјави Џејни Ширман од службата за брза помош во Квинсленд. Од нив четири лица загинале, тројца се тешко повредени, а шестмина се здобиле со полесни повреди, меѓу кои и исеченици од скршено стакло.

Сите повредени се пренесени во болница, рече таа. Се уште не е позната причината за падот на хеликоптерот, а најавена е истрага и распит на сведоци за несреќата.