Градските православни гробишта кај тетовско Фалише никој не ги уредува, изгледаат како запуштена ливада

0
24

Новите православни гробишта кај тетовско Фалише под надлежност на ЈКП Тетово се недостојни и под достоинство за вечно почивалиште. Секоја нова градска власт со ветување дека ќе се уредат, но на терен нема никакви активности.

Како што пишува СП местото е обрасното со трева и трње, не е оградено, а нема никакво христијанско обележје, ниту некаков затворен објект.

Наместо достојно вечно почивалиште тука има запуштена ливада, новата локација на православни гробишта е во ужасна состојба. Секоја нова локална власт ветува дека ќе го уреди просторот, но, тој како што гледате е во многу лоша состојба. Во Тетово немаат мир што се вели ниту живите, ниту мртвите“, вели една жителка на Тетово, чие вечно почивалиште на нејзиниот сопруг е на новата локација на градските православни гробишта кај тетовско Фалише.

И сегашните и минатите градски власти дадоа безброј ветувања за уредување на градските православни гробишта. Најавите беа дека на самата локација ќе се направи дренажа, местото холтикултурно ќе се уреди и ќе се огради. Но се остана само на ветувања, а вечното почивалиште на православните жители од Тетово е во смет и трње и обрасното со трева, без ниту едно христијанско обележје.

Локацијата кај тетовско Фалише за нови градски православни гробишта беше избрана уште во 2007 година, поради недостиг на слободни гробни места на старите градски гробишта во Тетово. Според првичниот проект кој е реализиран само на хартија, местото е предвидено за 2600 гробни места, а досега на локацијата се погребани стотици граѓани.