Куче трагач што спаси две лица почина во Турција, урнатини паднале додека трагал по преживеани

0
16

Кучето по име Протео кое пронајде две лица под урнатините на Турција, почина вчера додека трагаше по преживеани, соопшти мексиканското Министерство за одбрана (СЕДЕНА).

„ Припадниците на мексиканската армија и воздухопловните сили длабоко жалат за загубата на нашиот другар Протео. Ја исполни својата мисија како член на мексиканската делегација за пребарување и спасување во Турција. Ти благодариме за твојата херојска работа!“, се вели во соопштението на Министерството. .

Веста ја потврди министерот за меѓународни односи Марсело Ебрард.