ТУРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ЗА ВЛАКНО НЕ НАСТРАДА, ОТКАКО ОДЕКНА ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕД НЕГО

0
21

На турскиот министер за здравство Фахретин Коџа рано утрово му се случи инцидент кога беше во посета на спасувачките тимови во јужната провинција Хатај – додека Коџа зборуваше со присутните, а камерите снимаа, одекна прилично голема експлозија од огнот покрај кој стоеја и се грееја министерот и спасувачите.

 

 

 

 

 

Министерот, според турските медиуми, не е повреден во инцидентот и тој ги продолжил посетите на спасувачките тимови во регионот.

Според последните податоци, над 43.000 луѓе загинаа, а повеќе од 110.000 се повредени во катастрофалните земјотреси кои ги погодија Турција и Сирија на почетокот на месецов. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја опиша трагедијата како „катастрофа на векот