Бесплатен скрининг за рак на дојка во тетовско: Се почесто се појавува кај младите жени но и кај мажите

0
90

Се почесто се дијагностицира рак на дојка во тетовско. Статистиката говори дека болеста зема замав и кај младата популација. Раното откривање е најдобар лек.

Доктор Павле Спасеновски кај секоја втора жена констатира малигно заболувања на дојката, за време на бесплатните прегледи кои со години ги врши во Здружението на пенизонери Тетово.

Костовска Сунца од Тетово е една од жените која направи Ехо преглед. Вели свесноста за рано окривање на оваа болест е мала, но и можноста се поретка. Благодарени на ваквите хуманитарни акции се прегледав оти во болница ретко можеш да добиеш термин.

Загрижувачки е што ракот на дојката се повеќе се дијагностицира и кај помладата популација. Надобра превентива е самопрегледот, но и при најмал симптом, веднаш да се оди на лекар.

Ракот на дојката  се почесто се дијагностицира и кај машката популација.