Битиќи открива кога ќе се замрзнуваат цени на нови производи и што ќе биде вклучено

0
29

Владините мерки за замрзнување на цените на храната ќе продолжат и во следниот период, „сѐ додека не се постигне финалната цел“, најави денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи во гостување на ТВ „21

Тој додаде дека Владата може да се одлучи за замрзнување на цените на „сѐ што спаѓа во основните прехранбени производи“.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања рече и дека „ќе видиме неморално и неетичко однесување на пазарот од страна на некои субјекти“, но дека Владата тоа не може да го дозволи, бидејќи „граѓанинот мора да биде заштитен“.

Минатата недела, Владата одлучи да ја замрзне цената на белиот и полубелиот на 33 денари до крајот на мај, а министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе се замрзнуваат и цените на некои млечни производи, за што анализите ќе бидат готови до крајот на неделава.

Дел од млекарниците на ова одговорија со намалување на цените, пред сѐ поизвесната владина одлука со која ќе мораат да ги намалат.