Герила акција: Дуќанот на Груби се „продава“ за 700 евра по квадрат

0
19

Утрово на социјалните мрежи се појавија фотографии од герила акција при која биле залепени плакати на македонски и албански јазик на дуќанот на братот на политичарот Артан Груби на улица „Македонија“ во центарот на Скопје.

Во изминатиот период една од главните теми беше за тоа за колку пари братот на Артан го купил деловниот простор. – Се продава за 700 евра од метар квадратен, пишува на плакатите.